Navigation

Ана Филиповска има повеќе од 11 години работно искуство во областа на едукација, равој и менторство на потенцијални социјални претприемачи, граѓански организации и индивидуи за основање и развој на социјални бизниси како мобилизација на финансиски ресурси за опшестевни програми и економско јакнење на ранливи категории на лица преку нивно вработување.

Нејзиното искуство во Индија, Канада, Бразил, Америка, во земјите од Европа ја имаат докажано нејзината заложба за територален економски и опшестевен развој преку социјално претпримеништво. Има завршено дипломски студии на Економскиот Факултет во Скопје, додека нејзината специјализација во социјална економија ја има направено на Универзитетот во Фиренца и поткрепено со истражување на Институтот за Политичка Економија Карл Поланиј во Монтреал, Канада на тема како социјалната економија може да помогне во локалниот еконосмкиот равој на една територија. Има завршено постдипломски студии со почести. Таа моментално работи како Извршен секретар во мултисекторско тело во кое го промовира социјалното прептримништво како начин за економска независност на ранливи категории на лица и како модел на одржливост на граѓанските организации. Таа работи како консултант, тренер и ментор на претпримачи, ранливи групи, граѓански организации заинтересирани да основаат социјални бизниси. Има визија да основа лабараторија за равој на социјални претпријатија во Југоисточна Европа каде ќе работи на стимулирање на хоризонтална соработка на регионални актери за поддршка на развојот на социјалното претпримеништво.

 

Андријана Тасеска е експерт со повеќе од 7 години работно искуство во областа на човечките и компаниските ресурси. Главните полиња на нејзин интерес се одржувањето и организирањето на обуки и тренинзи за лидерски вештини, управување со систем за квалитет, управување со компаниски промени, личен и професионален развој, развој на тим, стратегиско планирање за човечки ресурси и легалните аспекти на истите. Во сите овие области, Андријана нуди континуирана поддршка на талентирани млади лица и тимови на млади луѓе. Нејзиното мото е: „Се осмелувам да сонувам секој ден.“ и таа е пораката која таа е упатува до сите млади.

 

 

 

Антоанета Иванова, соочувајќи се најпрвин и самата со недостатокот на достапни онлајн информации за можности за бесплатен едукативен и професионален развиток, е главниот иницијатор за оформување на Младиинфо. Нејзината целосна посветеност кон Младиинфо е една од главните причини за големиот успех на Младиинфо како медиум. Официјалната страна на Младиинфо Интернационал: http://mladiinfo.eu/

 

 

 

Билјана Стојческа е член на тимот на Младински Сојуз – Крушево. Таа е вклучена активно во младински активности на локално, национално и меѓународно ниво повеќе од 13 години. Повеќе од 8 години го координира Секторот за меѓународна програми во рамките на Младински Сојуз. Воедно како еден од лидерите на програмата “Младинско претприемништво и вработување” во последните седум години активно работи на следниве проекти: координатор и тренер на меѓународен тренинг курс  “Ready, steady=JOB” (Млади во Акција); координатор и тренер на меѓународен тренинг курс “Младинското социјално претприемништво во акција” (Млади во Акција); координатор и истражувач во проектот “Социјално претприемништво – тренд или решение за невработеноста кај младите”; – програмски координатор на интернационалниот младински проект “DIVE in Social  Entrepreneurship”  (Еразмус плус).

 

 

Бистра Кумбароска, ко- основачка на Младиинфо Интернационал и Social Impact Lab Skopje најлесно може да се опише како иноваторка во заедницата, претприемачка и поетеса. Нејзината страст за претприемништвото ја носи на патување низ Европа, Супсахарска Африка, Југо – источна Азија, каде таа работи со младите луѓе во насока на нудење поддршка за развој на нивниот претприемнички дух. Во моментот, Бистра живее во Австрија и работи како регионален програмски координаторка за Social Impact Award и Investment Ready Program. Во досегашната професионална кариера Бистра има организирано над 125 интернационални работилници и тренинзи, а како говорничка се појавува на повеќе од 70 различни настани, вклучувајќи ги: TEDxDonauinsel, Global Social Business Summit, PODIM Slovenia, Conference of Social Innovations Lahore – Pakistan, Create Future with Creating Jobs Uganda, Rwanda and Turkey, Economic Summit Macedonia, UN Youth Entrepreneurship Forum итн.

 

 

Д-р Димитар Јовевски, доц. професор на Економскиот факултет- Скопје, при Универзитетот Св. Кирил и Методиј во Скопје. Веќе осум години работи на катедрата по Е- Бизнис каде главниот фокус му се дигиталните медиуми и се што ги поврзува и опкружува истите. Покрај ова основач е и на компанијата Пиксел која 2 години работи под македонското небо. Официјална страна на Економски факултет- Скопје:http://www.eccf.ukim.edu.mk/

 

 

 

Кристијан Милески e координатор на Investment Ready Program за Македонија, програм чиј фокус е да се создаде примамлива можност за странски импакт инвестиции. Посебно насочен кон поддршка на младите во подигање на нивните идеи до реални бизниси, стимулирајќи ги да се вклучат кон светските трендови со вметнување на социјална компонента во своето работење.

 

 

Љубомир Стојчески e основач и извршен директор на Фрешис, прв ресторан за здрава храна со социјален бизнис модел во Македонија, кој во 2016-тата го освои второто место на Наградата за социјално претприемништво. Фрешис донира дел од својот профит во храна за бездомни и социјално загрозени лица, преку тесна соработка со неколку организации и активисти.

Љубомир е дипл. електро инженер, а магистрираше на темата „Клучни предизвици и фактори за успех во управувањето со социјални претпријатија”, на Економскиот факултет во Скопје, насока МБА менаџмент.

 

Марија Матовска е менаџерка за социјални бизниси во Асоцијацијата за едукација Младиинфо Интернационал и национална координаторка на Наградата за социјално претприемништво- Social Impact Award Македонија. На овој начин таа успева да направи синтеза помеѓу нејзините омилени области во животот: социјална правда и права, како и бизнисот и маркетингот. Покрај ова, Марија има огромна пасија за темите врзани со човековите права воопшто, сексуалното и репродуктивно здравје и правата на лицата со попреченост. Токму затоа, Марија и денес е дел од неколку различни здруженија на граѓани и неформални граѓански движења и иницијативи: Инклузивни решенија, Трисомија 21- Скопје, Во мојот свет, Младински совет при Американската амбасада во Скопје и други . Марија исто така е посветена на здравите животни стилови, јогата и планинарењето. Марија е член на извршниот одбор на планинарскиот клуб Љуботен- Тетово и член на алпинистичкиот клуб Матка.

 

Наташа Чавдаровска е ко-основач и претседателка на Здружението за граѓански активизам ФОРУМ 16 – Битола. Нејзиниот интерес за економијата и претприемништвото се јавува уште за време на интердисциплинарните студиите по новинарство на Правниот факултет „Јустинијан први” во Скопје. Затоа решава да запише последипломски студии на Економскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј” Скопје, каде што како потесен интерес ги избира семејните бизниси. Своето формално образование, заедно со неформалното знаење и со вештините кои ги стекнува работејќи во националниот и интернационалниот граѓански сектор повеќе од една деценија, ја доведоа до формирање на ФОРУМ 16 и чекор поблиску до отпочнување на сопствен бизнис. Како претседателка на ФОРУМ 16 овозможи промовирањето и поддршката на активното учество на младите во општествениот и економскиот живот на Македонија да биде дел од долгорочната стратегија на организацијата.

 

 

Виктор Митевски е ко-основач на StartUp Academy, едукативен проект кој на младите претприемачи им овозможува едукативна програма со која можат да го валидираат пазарниот потенцијал на нивната иновативна идеја. Во период од 2015-16 година тој престојува во Texas A&M University каде се стекнува со титулата магистер по економски науки. За време на престојот Виктор раководи со акцелераторската програма на Startup Aggieland, бизнис акцелератор во рамки на Texas A&M. Истовремено учествува во креирањето на најголемиот претприемнички проект на универзитетот, The Blackstone LaunchPad at Texas A&M, кои има за цел да ги обедини сите претприемнички иницијативи и активности на универзитетскиот кампус. Виктор е добитник на стипендијата Fulbright во 2015.

Almost there

You need to register in order to submit your bulletin & vote.

× close