• SOCIAL IMPACT AWARD 2017: ЗАПОЗНАЈТЕ ГИ ФИНАЛИСТИТЕ

    1.  Асоцијација Мисла

    Низ слоганот „среќен човек, здраво општество”, Асоцијација Мисла ги насочува своите сили, моќ и знаење кон поддршка на граѓаните со ментални болести и другите маргинализирани групи. Цели кои се во насока на остварување на нивнита мисија се: подобрување на здравјето и инклузија на лицата со психолошки нарушувања и дијагноза преку нивна работна ангажираност во нашите активности.

    Здружението ќе врши статутарни добротворни активности како што се едукација, семинари, организирање групи за самопомош и акција за одбележување на 10 октомври – денот на ментално здравје, активности за кои што ќе бара поддршка од донации. Лица од целните групи ќе добијат можност за работно ангажирање, социјализација и забава кои можат да имаат терапевтски  ефект врз нив.

     

    2. Coterie – The Art of Up-Cycled Clothes

    Живеејќи во земја каде што загадувањето е сериозна закана, овој проект  презема акција со тоа што цели кон рециклиање, и тоа со произведување на оригинална и посебна облека од рециклирана облека од втора рака и текстилен отпад. Овие рачно изработени и модернизирани алишта, који содржат традиционални македонски украси, ќе бидат произведувани од страна на невработени жени који ги имаат соодветните знаења и вештини потребни за да го создаваат саканиот производ. Истовремено, ќе се обезбедува практично искуство (пракса) за ученици од стручните средни училишта. Конечно, со купување на едно парче облека од брендот, клиентите ќе можат да изберат дали сакаат да донират едно парче на обесправено социјално лице или да садат дрво во Македонија.

     

    3. Онлајн платформа за продажба и маркетинг на производи од домашно производство и ракотворби

    Онлајн платформа за продажба и маркетинг на производи од домашно производство и ракотворби е прва платформа преку која ракотворци и домашни производители од Република Македонија ќе добијат можност да ги промовираат и продаваат своите производи, да остварат приходи и да ги развијат нивните домашни активности и хоби во мали, профитабилни бизниси.

    Процент од заработката ќе биде алоциран за помош на граѓани од ранливите категории и жртви на семејно насилство кои имаат некакво креативно хоби, со што, преку поволни услови за пласирање на производите и бизнис обуки, ќе ги поттикнеме истите да оформат свој бизнис токму на нашата платформа, со цел пристоен живот, општествена инклузија и поголема застапеност на жената на пазарот на трудот. Профитот ќе се реинвестира за постигнување на конкретна општествена промена преку иновативни приоди за одржлив и рамномерен развој.

     

    4. Храна за сите – Food for everyone

    Нискиот стандард во кој што живееме, наспроти тони фрлената храна е вистински парадокс. Само на скопската Депонија, Дрисла, годишно завршуваат повеќе од 1 730 тони храна годишно, додека речиси 450 000 Македонци имаат само еден оброк дневно.

    Мисијата на овој проект е да се врати изгубената вредност на храната како нешто што треба да заврши во нашиот стомак, а не во канта за отпадоци.

    Храна за сите претставува андроид апликација и веб-страна која ќе Ви овозможи да се информирате и купите вкусна храна која што угостителските објекти сметаат дека нема да ја продадат во текот на денот за пониска цена и до 80% од регуларната.

     https://www.facebook.com/Hranazasite.mk/

     

    5. Grid from Gym – GG (ЏиЏи)

    Grid from Gym е проект кој има за цел да произведува електрична енергија преку теретана, односно, преку машини за вежбање и човечка енергија.  Во основа, клиентите ќе вежбаат, а процесот на вежбање ќе резултира со производство на енергија, која ќе биде продадена на дистрибутивните компании за енергија. За возврат, компаниите ќе треба да ги надоместуват или да ги намалуваат електричните сметки на тие семејства кои претставуваат социјални случајеви или немаат никакви приходи.

     

    6. Recycle and Get a Bonus

    Главната цел на овој проект е собирање на маслото за готвење од домаќинствата, со цел да се заштити животната средина и да се обезбедува финансиски профит за луѓето кои ќе го прават тоа. Наместо да се фрла маслото за готвење, домаќинствата ќе бидат во можност да го собераат и да го стават во машини за собирање на искористено масло за готвење, и притоа да добијат монети за подарок. Целото масло за готвење што ќе го собераат машините, ќе биде продаден на компаниите што произведувaат био дизел.

     

    7. You Are Not Alone

    You are not alone претставува онлајн платформа за бесплатно советување на младите, обезбедувајќи им целосна анонимност. Ова веб платформа ќе овозможува една безбедна средина за младите да ги изразуваат нивните најинтимни маки и различни проблеми, со кои се соочуват во нивното секојдневие, и во исто време да добиваат професионални совети од експерти од различни области. Проектот е истотака фокусиран кон организирање на програми за обука и консултации за различни целни групи.

     

    8. Изработка на логопедски материјал

    Во Македонија има недостаток од логопедски надгледен материјал на Македонски, Албански, Ромски, Турски и Влашки јазик, кој логопедите го користат како помошно средство за рехабилитација на деца со пречки во развој. Овие материјали сега се нарачуваат од странство, но нивната употреба е несоодветна поради јазикот. Мисијата на овој проект е да се дизајнираат логопедски материјали и да се направат прототипи на Македонски и Албански јазик, а потоа и на другите јазици. Истите би се објавиле во Македонија, и ќе бидат од голема корист како за логопедите така и за родителите – котерапевти.

     

     9. АвАв – Хепи дог центар

    Изградба и водење на забавен парк за кучињата, заедно со центарот за засолниште на кучиња “AvAv Happy Doggy Center” е проект кој што ќе обезбеди заштита на правата на кучињата преку привремено засолниште и негување на бездомни кучиња, и истовремено бизнис моделот ќе генерира исходи преку создавање на забавен парк за кучиња, продавници за кучиња, хотел за кучиња, дневна нега и кафуле за сопствениците. Во посебниот простор,  ќе има посебно засолниште за кучиња бездомници. Со овој проект се очекува да се намалува бројот на бездомни кучиња во Скопје.

     

    10. Како ново – As good as New

    As Good As New е одржлив модел за намалување на електронски отпад и промовирање на младинска вработеност и социјална вклучување. Проектот нуди рециклирани и поправени апарати за домаќинство за достапни цени, особено насочени кон индивидуалци и семејства со ниски исходи. Загрозените млади ќе придобиваат од обуката и менторската помош за зајакнување на нивните вештини и капацитети, и нивната способност да влезат на пазарот на трудот.