• SOCIAL IMPACT AWARD 2017: ЗАПОЗНАЈТЕ ГИ ФИНАЛИСТИТЕ

    1.  Асоцијација Мисла

    Низ слоганот „среќен човек, здраво општество”, Асоцијација Мисла ги насочува своите сили, моќ и знаење кон поддршка на граѓаните со ментални болести и другите маргинализирани групи. Цели кои се во насока на остварување на нивнита мисија се: подобрување на здравјето и инклузија на лицата со психолошки нарушувања и дијагноза преку нивна работна ангажираност во нашите активности.

    Здружението ќе врши статутарни добротворни активности како што се едукација, семинари, организирање групи за самопомош и акција за одбележување на 10 октомври – денот на ментално здравје, активности за кои што ќе бара поддршка од донации. Лица од целните групи ќе добијат можност за работно ангажирање, социјализација и забава кои можат да имаат терапевтски  ефект врз нив.

     

    2. Coterie – The Art of Up-Cycled Clothes

    Живеејќи во земја каде што загадувањето е сериозна закана, овој проект  презема акција со тоа што цели кон рециклиање, и тоа со произведување на оригинална и посебна облека од рециклирана облека од втора рака и текстилен отпад. Овие рачно изработени и модернизирани алишта, који содржат традиционални македонски украси, ќе бидат произведувани од страна на невработени жени који ги имаат соодветните знаења и вештини потребни за да го создаваат саканиот производ. Истовремено, ќе се обезбедува практично искуство (пракса) за ученици од стручните средни училишта. Конечно, со купување на едно парче облека од брендот, клиентите ќе можат да изберат дали сакаат да донират едно парче на обесправено социјално лице или да садат дрво во Македонија.

     

    3. Онлајн платформа за продажба и маркетинг на производи од домашно производство и ракотворби

    Онлајн платформа за продажба и маркетинг на производи од домашно производство и ракотворби е прва платформа преку која ракотворци и домашни производители од Република Македонија ќе добијат можност да ги промовираат и продаваат своите производи, да остварат приходи и да ги развијат нивните домашни активности и хоби во мали, профитабилни бизниси.

    Процент од заработката ќе биде алоциран за помош на граѓани од ранливите категории и жртви на семејно насилство кои имаат некакво креативно хоби, со што, преку поволни услови за пласирање на производите и бизнис обуки, ќе ги поттикнеме истите да оформат свој бизнис токму на нашата платформа, со цел пристоен живот, општествена инклузија и поголема застапеност на жената на пазарот на трудот. Профитот ќе се реинвестира за постигнување на конкретна општествена промена преку иновативни приоди за одржлив и рамномерен развој.

     

    4. Храна за сите – Food for everyone

    Нискиот стандард во кој што живееме, наспроти тони фрлената храна е вистински парадокс. Само на скопската Депонија, Дрисла, годишно завршуваат повеќе од 1 730 тони храна годишно, додека речиси 450 000 Македонци имаат само еден оброк дневно.

    Мисијата на овој проект е да се врати изгубената вредност на храната како нешто што треба да заврши во нашиот стомак, а не во канта за отпадоци.

    Храна за сите претставува андроид апликација и веб-страна која ќе Ви овозможи да се информирате и купите вкусна храна која што угостителските објекти сметаат дека нема да ја продадат во текот на денот за пониска цена и до 80% од регуларната.

     https://www.facebook.com/Hranazasite.mk/

     

    5. Grid from Gym – GG (ЏиЏи)

    Grid from Gym е проект кој има за цел да произведува електрична енергија преку теретана, односно, преку машини за вежбање и човечка енергија.  Во основа, клиентите ќе вежбаат, а процесот на вежбање ќе резултира со производство на енергија, која ќе биде продадена на дистрибутивните компании за енергија. За возврат, компаниите ќе треба да ги надоместуват или да ги намалуваат електричните сметки на тие семејства кои претставуваат социјални случајеви или немаат никакви приходи.

     

    6. Recycle and Get a Bonus

    Главната цел на овој проект е собирање на маслото за готвење од домаќинствата, со цел да се заштити животната средина и да се обезбедува финансиски профит за луѓето кои ќе го прават тоа. Наместо да се фрла маслото за готвење, домаќинствата ќе бидат во можност да го собераат и да го стават во машини за собирање на искористено масло за готвење, и притоа да добијат монети за подарок. Целото масло за готвење што ќе го собераат машините, ќе биде продаден на компаниите што произведувaат био дизел.

     

    7. You Are Not Alone

    You are not alone претставува онлајн платформа за бесплатно советување на младите, обезбедувајќи им целосна анонимност. Ова веб платформа ќе овозможува една безбедна средина за младите да ги изразуваат нивните најинтимни маки и различни проблеми, со кои се соочуват во нивното секојдневие, и во исто време да добиваат професионални совети од експерти од различни области. Проектот е истотака фокусиран кон организирање на програми за обука и консултации за различни целни групи.

     

    8. Изработка на логопедски материјал

    Во Македонија има недостаток од логопедски надгледен материјал на Македонски, Албански, Ромски, Турски и Влашки јазик, кој логопедите го користат како помошно средство за рехабилитација на деца со пречки во развој. Овие материјали сега се нарачуваат од странство, но нивната употреба е несоодветна поради јазикот. Мисијата на овој проект е да се дизајнираат логопедски материјали и да се направат прототипи на Македонски и Албански јазик, а потоа и на другите јазици. Истите би се објавиле во Македонија, и ќе бидат од голема корист како за логопедите така и за родителите – котерапевти.

     

     9. АвАв – Хепи дог центар

    Изградба и водење на забавен парк за кучињата, заедно со центарот за засолниште на кучиња “AvAv Happy Doggy Center” е проект кој што ќе обезбеди заштита на правата на кучињата преку привремено засолниште и негување на бездомни кучиња, и истовремено бизнис моделот ќе генерира исходи преку создавање на забавен парк за кучиња, продавници за кучиња, хотел за кучиња, дневна нега и кафуле за сопствениците. Во посебниот простор,  ќе има посебно засолниште за кучиња бездомници. Со овој проект се очекува да се намалува бројот на бездомни кучиња во Скопје.

     

    10. Како ново – As good as New

    As Good As New е одржлив модел за намалување на електронски отпад и промовирање на младинска вработеност и социјална вклучување. Проектот нуди рециклирани и поправени апарати за домаќинство за достапни цени, особено насочени кон индивидуалци и семејства со ниски исходи. Загрозените млади ќе придобиваат од обуката и менторската помош за зајакнување на нивните вештини и капацитети, и нивната способност да влезат на пазарот на трудот.

  • Од идеа до реализација – 10 нови потенцијални социјални бизниси влегуваат во фазата на инкубација

    Десетте млади социјални претприемачи, кои се избрани како финалисти во натпреварот Social Impact Award, имаа можност да учествуваат на предакселераторски тренинг,поддржан од  Македонски Телеком како општествено одговорна и иновативна  компанија.  Учесниците на тренингот, кој се оддржа во Телеком Иновативниот центар од 05 до 10 јуни 2017 година, се здобијаа со продлабочени знаења како и проценка на фазата на развој на нивните бизнис идеи.

    Финалистите имаа можност да слушнат презентации на дел од учесниците во Social Impact Award 2015 И 2016 година и да разменат искуства. Притоа, на секој од десетте избрани тимови им беше доделен по еден индивидуален ментор, кој ќе им помогне понатаму да се натпреваруваат за трите финансиски награди обезбедени од Шпаркасе Банка Македонија и едната нефинансиска награда од Конто Профит.

    Иако наградите се стимул за младите луѓе, вредноста на оваа програма е многу поголема од тоа. Учествувајќи во Social Impact Award, младите добиваат едукација, пристап до останати интернационални програми, вмрежување со заедницата, како и можност за отпочнување на сопствена кариера и решавање на локални и глобални општествени предизвици.

    Наградата за социјално претприемништво – Social Impact Award, која по третпат се организира во Македонија, е веќе присутна во 18 земји од светот, а истата е поддржана од Фондацијата ЕРСТЕ и Импакт Хаб Виена.

    Локално, Наградата за социјално претприемништво – Social Impact Award ја спроведува Асоцијацијата за едукација Младиинфо Интернационал, оддел Social Impact Lab, во партнерство со Шпаркасе банка Македонија, Пакомак, Конто Профит, Македонски Телеком и Фондот за иновации и технолошки развој, како институционален покровител. Областите околу кои гравитираат социјалните бизниси на оваа група на млади амбициозни луѓе  се: справување со вишоците на храна, остатокот на масло од домаќинствата, остатокот од текстил, старите неискористени електрични апарати, како и грижа за животните, лицата со попреченост, домашните ракотворци, менталното здравје на младите и луѓето воопшто, обновливите извори на енергија и социјално загрозените семејства. Победниците ќе бидат прогласени на 2 октомври 2017 година во рамки на настанот Social Innovators Conference.

  • Social Impact Award: Запознајте го Жирито

    На  4-ти Мај, се оддржа настан кој им овозможи на сите идни социјални претприемачи и претприемачки да добијат евалуација за нивните бизнис идеји од професионално жири. Членовите на жирито беа Климентина Илијевски, Филип Ивановаски, Викторија Јовановска, Елена Богдановска и Јасмина Поповска, помеѓу другите.  Настанот се оддржа во Јавна Соба во Скопје, а беа присутни повеќе од 30 идни учесници во програмата Social Impact Award. Како резултат на настанот се пријавија 25 луѓе, кои што донесоа нови иновативни идеји што ќе влијаат врз животот на луѓето во Македонија на позитивен начин.

  • Работилници „Social Impact Award“

     

    Во периодот од февруари до април 2017, во неколку града низ државата, поточно во Скопје, Тетово, Гостивар, Охрид, Битола, Прилеп и Штип, беа спроведувани едукативни работилница за средношколци и студенти во земјата.

    Работилниците беа поддржани од неколку институции низ различни градови, кои што го обезбедија просторот за одвивање на работилниците, како што се: Фонд за иновации и технолошки развој – Скопје; Економски Факултет – Скопје; Универзитет на Југоисточна Европа – Тетово; Училиште Нетинг – Тетово; SEDC Business Simulator – Сивус, Скопје; Американско Kатче – Битола; Филозофски факултет – Скопје; Економски Факултет – Прилеп; International Vision University – Гостивар ; SEEU Tech Park – Тетово; Раде Јовчевски Корчагин – Скопје, ФИКТ – УКЛО во Битола; и Еконосмки Факултет – Штип.

    Работилниците опфаќаа различни теми, преку кои  над  300 учесници имаа можност да научат што претставува социјалното претприемништво, да почнат да развиваат идеи за општествени бизниси, да се запознаат со специфични бизнис модели и да почнат да работат на развивање на своите идеи.

  • Отворање на Наградата за социјално претприемништво

    Младите во Македонија на возраст од 14 до 30 години од 22 февруари, па се до 8 мај 2017 ќе имаат можност да аплицираат со своите идеи за социјален бизнис и да освојат парична награда, како и инкубација, менторство, вмрежување и учество на меѓународен настан од областа на социјалното претприемништво.

    Ова го овозможува Наградата за социјално претприемништво (Social Impact Award), која по третпат се организира во Македонија. Оваа награда е веќе присутна во 20 земји од светот, а истата е поддржана од Фондацијата ЕРСТЕ и Импакт Хаб Виена.

    Во Македонија, Наградата за социјално претприемништво ја спроведува Асоцијацијата за едукација Младиинфо Интернационал, во партнерство со Шпаркасе банка Македонија, Пакомак, ЈСП Скопје, Маратон, Конто Профит и Фондот за иновации и технолошки развој, како институционален покровител.

    „Младите ќе можат да аплицираат со своите идеи за социјален бизнис преку платформата на наградата – http://socialimpactaward.mk. На овој начин, младите добиваат можност да влезат во десетте финалисти, кои во текот на летото ќе работат со експерти/ ментори и ќе ја доразвијат својата идеја. Понатаму, во септември стручното жири ќе одбере три победници, кои ќе добијат по 2000 евра од Шпаркасе банка. Четвртата награда, наградата изгласана од он –лајн заедницата ќе добие дополнителна менторска поддршка. Сите четири тима на почетокот на ноември ќе одат на меѓународната средба на млади социјални претприемачи во Белград“, изјави Марија Матовска – Националната координаторка на програмата.

    Свое обраќање на отворањето на Наградата за социјално претприемништво (Social Impact Award), кое се случуваше во Јавна Соба на 22.02.2017 во 12 часот, имаа и Елена Богданова, Директор на секторот за Управување со правни лица (Шпаркасе банка – Македонија), на тема „Бизнис секторот и неговата вклученост“, како и Јасмина Поповска, Директор на Фондот за иновации и технолошки развој, која зборуваше за „Социјални иновации“. На крајот следуваше панел дискусија со тројца минатогодишни победници на Наградата за социјално претприемништво.

    Наградата за социјално претприемништво е натпревар и едукативна програма за поддршка на претприемачки идеи меѓу студентите, кои имаат потенцијал да се развијат и да се имплементираат како иновативни решенија за глобалните проблеми.За сите дополнителни информации во врска со натпреварот и програмата, слободно контактирајте не‘.

     

  • Повик за учество на летна програма за социјално претприемништво

    Младиинфо Интернационал поттикната од интересот за Наградата за Социјално претприемништво, ја организира првата летна програма за социјално претприемништво под името Solve it! – Social Entrepreneurial Summer Program.

    Програмата е наменета за сите млади луѓе до 35 години кои се заинтересирани да научат повеќе за општествените бизниси, можните начини за финансирање како и за развој на сопствените идеи. Летната програма ќе се изведува на англиски јазик и ќе биде под водство на Диего Хетерман, поранешен ментор за Наградата за социјално претприемништво во Австрија, кој беше и обучувач на првото издание на истата во Македонија во 2015та година.

    Обуката е бесплатна и ќе започне на 14ти јуни со времетраење од 5 недели(една работилница неделно) и ќе се имплементира во простоорите на ХАБ Скопје. На крајот од програмата, сите учесници кои ќе присуствуваат на минимум 4 сесии ќе се здобијат со сертификат за учество.

    Сите заинтересирани потребно е да ја пополнат апликацијата најдоцна до 5ти јуни 2016.

  • „Часови за готвење“ за промоција на социјално претприемништво

    Здружението за социјални иновации „АРНО“ денес го промовираше почетокот на иницијативата „Часови за готвење“ која се спроведува во соработка со средното училиште за угостителство и туризам СУГС „Лазар Танев“ и реномирани готвачи. Оваа иницијатива беше една од минатогодишните победнички идеи на нашата Награда за социјално претприемништво – Social Impact Award 2015.
    Во текот на месец мај, учесниците ќе имаат шанса да научат сами да приготват пад таи, пржен сладолед, модерен таратор, овошна баклава, шкотски стек и други специјалитети со инструкции од готвачите кои волонтерски се приклучија во проектот: Марк де Јонг, Никола Мишковски (ресторан „Камник“), Маре Јаневска (Британска амбасада), Лимонка Арсовска (професор во СУГС „Лазар Танев“), Ацо Божиновски (ресторан „Ла Тераца“) и Филип Поповски (#ГотвимесоФичо). Часовите ќе се одржуваат во опремените простории на училиштето , каде секој самостојно ќе ги подготвува рецептите од часот.
    За да стекнат нови кулинарски вештини, заинтересираните ќе можат да купат ваучери преку платформата Брејнстер. Со секој купен ваучер учесниците добиваат брендирана престилка и дрвена лажица, намирници потребни за подготовка на јадењата, час од 90+ минути исполнет со дружење и забава, инструкции од искусни гастро-шефови и помош од учениците-готвачи, и секако, можност да го споделат или понесат со себе јадењето кое сами го приготвиле. Општествено одговорните компании, секој мал, среден или голем бизнис, кои сакаат да им понудат забава и тим-билдинг активност на своите вработени ќе може да откупат посебен час за нив.
    На часовите за готвење, за продажба ќе бидат изложени и неколку кујнски престилки изработени од учениците на средното текстилно училиште „Кочо Рацин“ и кујнски даски доработени од страна на учениците од СУГС „Георги Димитров“. Сите остварени средства од иницијативата ќе бидат реинвестирани во учениците преку испорака на обуки за подобрување на нивната мотивација и вештини потребни за пазарот на труд.
    „Часовите за готвење денес се вистинска потреба. Ако некогаш учевме од своите мајки и баби без конкретни рецепти, сега имаме шанса да учиме од професионалци, да експериментираме и да истражуваме кујни итн. Ова е пилот-иницијатива на „АРНО“ со која го тестираме пазарот, интересот на граѓаните и пробуваме да промовираме социјално претприемништво како наш одговор за намалување на младинска невработеност. Доколку има општествено одговорна компанија која сака да не’ поддржи, да обезбеди намирници за готвењето и слично-отворени сме за соработка. Остварениот профит од продажбата на часовите ќе биде реинвестиран за обуки за подобрување на вештините на учениците и нивна мотивација. “ изјави координаторката Ирина Јаневска.
    Антонио Ѓорѓиевски (асистент во проектот coolinari.mk) сподели: „Ова е одлична иницијатива затоа што навистина е cool да си coolinar. Јас бев ученик –готвач и сум дел од првата генерација на coolinari. Со претходниот проект сфатив дека можам многу да напредувам, се вработив во неколку ресторани, а сега сум асистент на овој проект затоа што сакам да ги мотивирам учениците од училиштето- да им ја раскажам мојата приказна, а сакам и да ги запознаам познатите готвачи, да учам трикови и совети лично од нив.“
    „Часови за готвење- Coolinari 2.0“ е своевидно продолжение на проектот „Младинска професионална кујна нови технологии за социјален бизнис“ дизајнирано да рефлектира највисоки социјално-претприемнички вредности. Часовите за готвење се дизајнирани согласно претприемачки стандарди и имаат за цел да генерираат профит преку овој иновативен концепт. Остварената добивка се ре-инвестира во мисијата на проектот-надградување на знаењата и вештините на учениците готвачи од училиштето (обуки за нивно користење на модерни технологи за себе-промоција, пишување CV, обуки за мотивација и сл). Проектот е пример на успешно партнерство и е платформа во која сите вклучени страни имаат бенефит: училиштето добива промоција и го подобрува својот углед, учениците добиваат вештини од реномирани готвачи и обуки за подобрување на знаења и користење на модерни технологии, рестораните и готвачите добиваат промоција и референца за својата општествена одговорност итн. „Часови за готвење- Coolinari 2.0“ се спроведува со паричната награда од Social Impact Award, благодарение на препознаениот потенцијал и оригинален концепт за кој АРНО ја доби втората награда од жирито.

  • Средба со жирито

    Со огромна чест и задоволство тимот на Наградата за социјално претприемништво ви најавува можност да присуствувате на „Средба со жирито“. Настанот ќе се оддржи на 20.04.2016 година (среда) од 12 до 14 и 30 часот во ХАБ Скопје (ул. „Загребска“ бр. 28- В). На „Средба со жирито“ сите заинтересирани млади луѓе ќе имаат можност да се запознаат со членовите на нашето стручно жири и да поразговараат за своите идеи за социјален бизнис. Во неколку минути тимовите кои сакаат да аплицираат на Наградата за социјално претприемништво ќе имаат можност да ја презентираат својата идеја за социјален бизнис на различните членови на жирито и да добијат конкретни насоки за нејзино подобрување.

    Ве покануваме сите да дојдете на овој настан и да ја дооформите вашата идеја.

    Не заборавајте, рокот за пријавување на идеите истекува на 27ми април 2016 година и истите можете да ги пријавите тука.

    Ве очекуваме!

    Тимот на Наградта за социјално претприемништво

    #SIA2016 #StudentsInMK

    П.С. Линк до настанот на Facebook 

  • Рокот за пријавување за нагрaдата истекува на 27ми април

    Драги студенти и студентки,

    ако имате идеја:

    • Која решава некаков општествен проблем;
    • Носи вредност за специфични групи во општеството;
    • Користи иновативни методи и средства;
    • Која е реална и остварлива и
    • Има за цел да смени делови од општеството преку бизнис модели,

    тогаш вие сте вистинските кандидати за Наградата за социјално претприемништво.

    Ве потсетуваме дека рокот за пријавување на вашите  идеи  за социјален бизнис истекува на 27ми април.

    Ги очекуваме вашите идеи тука.

    Срдечно,

    Марија Матовска

    координаторка на Наградата

    П.С. Следете не’ преку #SIA2016 #StudentsInMK

  • Работилница за генерирање на идеи

    Вторта  работилница на тема генерирање на бизнис идеи ќе се случи на 09.03.2016 (среда) година во Хаб Скопје, со почеток во 12 часот. Во рамките на оваа работилница, младите и студентите имаат можност подлабоко да навлезат во терминологијата и суштината на социјалното претприемништво. Младите примарно ќе бидат во можност да ги идентификуваат проблемите во својата локална заедница, а потоа и да дадат идејни решенија за истите. Работилницата ќе биде под водство на Марија Матовска, координаторка на Наградата за социјално претприемништво Македонија и Андријана Тасевска, организациски развој, UNNIX, Скопје. Гостин на работилницата ќе  биде Љубомир Стојчески, основач на Фрешис.

    Oва е можност за сите млади луѓе да бидат чекор поблиску до креирање на својот социјален бизнис, а со тоа да ја земат иднината во свои раце и да го направат ова општество подобро место за живеење.

    Местата се ограничени. Резервирајте го вашето место тука.

    Ве очекуваме!

    Следете не и преку: #StudentsInMK #SIA2016

    Тимот на наградата за социјално претприемништво

Page 1 of 212