Navigation

Климентина Илијевски

Климентина Илијевски - извршен директор на асоцијациајта за истражување, комуникации и развој „Паблик“ и главен и одговорен уредник на уличното списание „Лице в лице“ чие функционирање се темели на принципите на социјалното претприемништво. Климентина е во моментот вклучена во регионалното истражување „Предизвиците и можностите на социјалните претпријатија за вработување маргинализирани групи“ како истражувач и е дел од тимот истражувачи на ISCEM (International Comparative Social Enterprise Models). Има магистрирано на темата „Етичките предизвици во одржливоста на уличните весници и списанија“ на Правниот факултет во Скопје, на отсекот Медиуми и комуникации.

Официјална страна на ЛВЛ: http://licevlice.mk

Официјална страна на Паблик: www.public.org.mk

Филип Ивановски

Филип Ивановски - извршен директор на Пакомак, компанија која управува со амбалажниот отпад на над 700 компании од Македонија. Преку системот на Пакомак се собираат и завршуваат на рециклирање над 10.000 тони отпад од пакување годишно. Подигањето на јавната свест за потребата од селекција на отпадот кај населението е една од клучните активности на Пакомак. Повеќе информации мжете да најдете на официјалната веб страна: http://www.pakomak.com.mk/


Викторија Јовановска

Викторија Јовановска – Директор на Сектор Управување со физички лица, одговорна за деловната мрежа на Банката, развој на нови производи и кредитирање на население. Нашата општествена одговорност започнува со грижата за секој поединечен клиент, преку транспарентен и фер однос.

Официјална страна на Шпаркасе Банка – www.sparkasse.mk/




Елена Богданова

Елена Богданова – Директор на Сектор Управување со корпоративни клиенти, одговорна за кредитирање и целокупното работење со големи компании и мали и средни претпријатија. Покрај залагањето за високи стандарди во поглед на општествено-одговорното работење со нашите клиенти, делуваме и во насока на унапредување на Општествената одговорност во сите алки на ланецот на производство и трговија.

Официјална страна на Шпаркасе Банка – www.sparkasse.mk/


Јован Деспотовски

Јован Деспотовски - директор на Фонд за иновации и технолошки развој, е дипломиран економист на Економскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ и постдипломец по меѓународни односи и дипломатија на Универзитетот „Американ Колеџ“ – Скопје. Има богато искуство во областа на стратегиско планирање и координација на програмите за градење на капацитет финансирани од Владата на Р. Македонија и од странски донатори. Како раководител на Сектор во Секретаријатот за европски прашања при Владата на Република Македонија учествувал во реализација на значајни проекти и тоа: реализација на Коридорот X, соработка со меѓународни финансиски институции, програмски координатор на Канцеларијата за национална помош, ја предводел работната група за составување на Прашалник на ЕК за апликација на Р.Македонија за членство во ЕУ од областа на економијата, со што Македонија добива статус на земја членка на ЕУ. Тој е ко-оснивач на МЕНСА.

Официјална веб страна на фондот: www.fitr.mk/

Благоја Грозданов

M-р Грозданов Благоја е менаџер, консултант и главен обучувач во Конто Профит - компанија која е присутна на нашиот пазар веќе 20 години. Наша главна задача е да им овозможиме на нашите клиенти слободно да се посветат на реализација на нивната бизнис идеја препуштајќи ни ги нам сите административни обврски кои произлегуваат од проблеми поврзани со даночната легислатива, дизајнот на деловни процеси и имплементацијата на ИТ решенија за управување и контролирање со бизнисот, оперативните обврски поврзани со трудовото и трговското право и сметководствената евиденција на деловните настани.

Официјална страна на Конто Профит: http://www.profit.com.mk/

Димитар Јовевски

Д-р Димитар Јовевски, доц. професор на Економскиот факултет- Скопје, при Универзитетот Св. Кирил и Методиј во Скопје. Веќе осум години работи на катедрата по Е- Бизнис каде главниот фокус му се дигиталните медиуми и се што ги поврзува и опкружува истите. Покрај ова основач е и на компанијата Пиксел која 2 години работи под македонското небо.

Официјална страна на Економски факултет- Скопје: http://www.eccf.ukim.edu.mk/

Илир Идризи

Илир Идризи е извршен директор на фондацијата Даути, Фондација која ги промовира општествената одговорност и филатропија како вредности. Својата мисија Фондацијата Даути ја остварува преку своите платформи и програми од едукативен, културен, економски и социо - хуманитарен карактер. Во рамките на своите активности во 2014 има спроведувано проект кофинасиран од Министерството за економија на тема „Социјалното претприемништво кај младите“, чија цел беше информирање на младите за концептот на социјалното претприемништво и нивен поттик за основање на социјални претпријатија.

Официјална страна на Фондацијата Даути: http://fondacionidauti.org/faqja/

Никица Кусиникова

Никица Кусиникова - Извршна директорка на здружението Конект чија примарна мисија е да ги поттикнува филантропијата и општествената одговорност во насока на долгорочен развој. Конект се стреми да воспостави инфраструктура која ќе го помогне развојот на социјалното претприемништво во Македонија и Балканот (политики, пристап до финансии и пазар, ресурсни материјали на локалните јазици и сл.). Никица е дел од истражувачкиот тим на регионалното истражување за социјално претприемништво како и на ICSEM (International Comparative Social Enterprise Models).

Официјална страна на Конект: http://www.konekt.org.mk/web/

Официјална страна на Донирај паметно: http://donirajpametno.mk/

Нина Ангеловска

Нина Ангеловска e извршен директор и ко-основач на првиот македонски веб сајт за групни попусти, Grouper.mk, кој предизвика револуција во оналјн купувањето и стана лидер на пазарот на е-трговијата. Дипломирала како најдобар студент на генерацијата на Економскиот факултет, Скопје на департманот по Е-бизнис. На натпреварот за најиновативен бизнис план организирани од NCDiel во 2010 година победува и добива парична награда со која го започнува бизнисот. Нина верува во моќната синергија помеѓу тероријата и праксата и се стреми со стекнатото практично знаење да придонесе кон науката. Магистрира во 2012 година и продолжува со докторски студии на тема "Одговорите на менаџментот на предизвиците во е-трговијата - Случај на сајт за групни попусти Grouper.mk".
Со нејзиното 5 годишно искуство во менaџирање на најголемиот сајт за е-трговија и успешната претприемачка приказна, Нина е говорник и предавач на бројни настани, конфереции и тренинзи.

Официјална страна на Grouper.mk: http://grouper.mk/

Антоанета Иванова

Антоанета соочувајќи се најпрвин и самата со недостатокот на достапни онлајн информации за можности за бесплатен едукативен и професионален развиток, е главниот иницијатор за оформување на Младиинфо. Нејзината целосна посветеност кон Младиинфо е една од главните причини за големиот успех на Младиинфо како медиум. Официјалната страна на Младиинфо Интернационал: http://mladiinfo.eu/



Софија Спировска

Софија Спировска е менаџер на Сеавус Инкубатор и одговорна за целокупното работење на компанијата, како и развој и имплементации на програми за претприемништво и онлајн медиуми. Има претходно работно искуство во продажба, маркетинг и развој на бизнис во ИКТ компании и водела неколку наградувани општествено одговорни проекти.

Официјална страна на Сеавус Инкубатор: http://www.seavusincubator.com/

Almost there

You need to register in order to submit your bulletin & vote.

× close