Запознајте ги финалистите- дел 4

10. Кинисаj Сакате да патувате, а да стигнете побрзо и тоа да ве чини најмалку два пати поевтино? Сакате да ги избегнете турканиците во редовните автобуски линии и да уживате во удобноста на автомобил? Тогаш Кинсај е одлично решение за вас! Кинисај е онлјан сервис кој ви овозможува брзо изнаоѓање на превоз на принципот ride-share при тоа овозможувајќи им и на возачите и на патниците значително да ги намалат патните трошоци […]
Запознајте ги финалистите- дел 3

7. Слушни слика Денеска во светот живеат над 285 милиони лица кои имаат трајно оштетен вид или се целосно слепи. Сите знаеме дека овој медицински проблем е речиси неизлечлив, а и во оние ситуации каде има шанси за подобрување, кои се релативно мали, давачките се огромни. Сепак живееме во едно време на технолошки бум каде придобвиките од технологијата ги вклучуваме за секојдневните активности. Поради тоа ние решивме нашиот производ да […]
Запознајте ги финалистите- дел 2

4. Фрешис Фрешис (Freshys) e прв ресторан за здрава храна со социјален бизнис модел во Македонија, кој 34% од профитот го донира во општествени цели. Основна цел е редовното донирање храна за бездомни лица и постојаниот попуст за студенти, а во иднина и вклучувањето на маргинализираните категории на граѓани во соработничката мрежа на ресторанот. Со досегашната работа е донирана храна во вредност од преку 35.000 денари. 5. ABLE […]
Запознајте ги финалистите- дел 1

1. Чиста филантропија Расфрлана облека покрај контејнерите која никогаш нема да стаса никој да ја носи, израсната зимска јакна кој може да стопли некој на кој вистински му студи, бебешка облека кое некое детуле чека да ја облече…Ние имаме предлог како да си помогнеме едни на други. Ние имаме решение како да ги мотивираме нашите сограѓани да донираат облека лесно и едноставно. „ЧИСТА ФИЛАНТРОПИЈА“ е проект осмислен од Здружението […]
Повик за учество на летна програма за социјално претприемништво

Младиинфо Интернационал поттикната од интересот за Наградата за Социјално претприемништво, ја организира првата летна програма за социјално претприемништво под името Solve it! – Social Entrepreneurial Summer Program. Програмата е наменета за сите млади луѓе до 35 години кои се заинтересирани да научат повеќе за општествените бизниси, можните начини за финансирање како и за развој на сопствените идеи. Летната програма ќе се изведува на англиски јазик и ќе биде под водство […]
„Часови за готвење“ за промоција на социјално претприемништво

Здружението за социјални иновации „АРНО“ денес го промовираше почетокот на иницијативата „Часови за готвење“ која се спроведува во соработка со средното училиште за угостителство и туризам СУГС „Лазар Танев“ и реномирани готвачи. Оваа иницијатива беше една од минатогодишните победнички идеи на нашата Награда за социјално претприемништво – Social Impact Award 2015. Во текот на месец мај, учесниците ќе имаат шанса да научат сами да приготват пад таи, пржен сладолед, модерен […]
Средба со жирито

Со огромна чест и задоволство тимот на Наградата за социјално претприемништво ви најавува можност да присуствувате на „Средба со жирито“. Настанот ќе се оддржи на 20.04.2016 година (среда) од 12 до 14 и 30 часот во ХАБ Скопје (ул. „Загребска“ бр. 28- В). На „Средба со жирито“ сите заинтересирани млади луѓе ќе имаат можност да се запознаат со членовите на нашето стручно жири и да поразговараат за своите идеи за социјален […]
Рокот за пријавување за нагрaдата истекува на 27ми април

Драги студенти и студентки, ако имате идеја: Која решава некаков општествен проблем; Носи вредност за специфични групи во општеството; Користи иновативни методи и средства; Која е реална и остварлива и Има за цел да смени делови од општеството преку бизнис модели, тогаш вие сте вистинските кандидати за Наградата за социјално претприемништво. Ве потсетуваме дека рокот за пријавување на вашите идеи за социјален бизнис истекува на 27ми април. Ги очекуваме вашите […]
Наградата за социјално претприемништво патува низ Македонија

Почнувајќи од 5 – ти април (вторник) тимот на Наградата за социјално претприемништво, ќе патува низ Македонија. Шест работилници на тема генерирање на бизнис идеи ќе се случат во Тетово, Битола, Охрид и Штип. Во рамките на овие работилници, младите и студентите ќе имаат можност подлабоко да навлезат во терминологијата и суштината на социјалното претприемништво. Младите примарно ќе ги идентификуваат проблемите во својата локална заедница, а потоа ќе дадат идејни решенија […]
Взаемната соработка- клучот за успешни програми за сите студенти и студентки

Еден од факторите на успехот на Наградата за социјално претприемништво, во организација на Младиинфо Интернационал, лежи во добрата соработка со многу различни партнери и поддржувачи. Денес, 10.03.2016 година, официјално беше потпишан меморандум за соработка и разбирање со Меѓународниот универзитет Визион-Гостивар. Меѓународниот универзитет Визион- Гостивар располага со пет различни факултети: Правен факултет, Економски факултет, Архитектонски факултет, Факултет за информатика и Факултет за општествени науки во чии рамки е студиската програма за психолошко […]
Almost there
You need to register in order to submit your bulletin & vote.
We care about your privacy.
Read Privacy Policy .