• Повик за учество на летна програма за социјално претприемништво

    Младиинфо Интернационал поттикната од интересот за Наградата за Социјално претприемништво, ја организира првата летна програма за социјално претприемништво под името Solve it! – Social Entrepreneurial Summer Program.

    Програмата е наменета за сите млади луѓе до 35 години кои се заинтересирани да научат повеќе за општествените бизниси, можните начини за финансирање како и за развој на сопствените идеи. Летната програма ќе се изведува на англиски јазик и ќе биде под водство на Диего Хетерман, поранешен ментор за Наградата за социјално претприемништво во Австрија, кој беше и обучувач на првото издание на истата во Македонија во 2015та година.

    Обуката е бесплатна и ќе започне на 14ти јуни со времетраење од 5 недели(една работилница неделно) и ќе се имплементира во простоорите на ХАБ Скопје. На крајот од програмата, сите учесници кои ќе присуствуваат на минимум 4 сесии ќе се здобијат со сертификат за учество.

    Сите заинтересирани потребно е да ја пополнат апликацијата најдоцна до 5ти јуни 2016.

  • „Часови за готвење“ за промоција на социјално претприемништво

    Здружението за социјални иновации „АРНО“ денес го промовираше почетокот на иницијативата „Часови за готвење“ која се спроведува во соработка со средното училиште за угостителство и туризам СУГС „Лазар Танев“ и реномирани готвачи. Оваа иницијатива беше една од минатогодишните победнички идеи на нашата Награда за социјално претприемништво – Social Impact Award 2015.
    Во текот на месец мај, учесниците ќе имаат шанса да научат сами да приготват пад таи, пржен сладолед, модерен таратор, овошна баклава, шкотски стек и други специјалитети со инструкции од готвачите кои волонтерски се приклучија во проектот: Марк де Јонг, Никола Мишковски (ресторан „Камник“), Маре Јаневска (Британска амбасада), Лимонка Арсовска (професор во СУГС „Лазар Танев“), Ацо Божиновски (ресторан „Ла Тераца“) и Филип Поповски (#ГотвимесоФичо). Часовите ќе се одржуваат во опремените простории на училиштето , каде секој самостојно ќе ги подготвува рецептите од часот.
    За да стекнат нови кулинарски вештини, заинтересираните ќе можат да купат ваучери преку платформата Брејнстер. Со секој купен ваучер учесниците добиваат брендирана престилка и дрвена лажица, намирници потребни за подготовка на јадењата, час од 90+ минути исполнет со дружење и забава, инструкции од искусни гастро-шефови и помош од учениците-готвачи, и секако, можност да го споделат или понесат со себе јадењето кое сами го приготвиле. Општествено одговорните компании, секој мал, среден или голем бизнис, кои сакаат да им понудат забава и тим-билдинг активност на своите вработени ќе може да откупат посебен час за нив.
    На часовите за готвење, за продажба ќе бидат изложени и неколку кујнски престилки изработени од учениците на средното текстилно училиште „Кочо Рацин“ и кујнски даски доработени од страна на учениците од СУГС „Георги Димитров“. Сите остварени средства од иницијативата ќе бидат реинвестирани во учениците преку испорака на обуки за подобрување на нивната мотивација и вештини потребни за пазарот на труд.
    „Часовите за готвење денес се вистинска потреба. Ако некогаш учевме од своите мајки и баби без конкретни рецепти, сега имаме шанса да учиме од професионалци, да експериментираме и да истражуваме кујни итн. Ова е пилот-иницијатива на „АРНО“ со која го тестираме пазарот, интересот на граѓаните и пробуваме да промовираме социјално претприемништво како наш одговор за намалување на младинска невработеност. Доколку има општествено одговорна компанија која сака да не’ поддржи, да обезбеди намирници за готвењето и слично-отворени сме за соработка. Остварениот профит од продажбата на часовите ќе биде реинвестиран за обуки за подобрување на вештините на учениците и нивна мотивација. “ изјави координаторката Ирина Јаневска.
    Антонио Ѓорѓиевски (асистент во проектот coolinari.mk) сподели: „Ова е одлична иницијатива затоа што навистина е cool да си coolinar. Јас бев ученик –готвач и сум дел од првата генерација на coolinari. Со претходниот проект сфатив дека можам многу да напредувам, се вработив во неколку ресторани, а сега сум асистент на овој проект затоа што сакам да ги мотивирам учениците од училиштето- да им ја раскажам мојата приказна, а сакам и да ги запознаам познатите готвачи, да учам трикови и совети лично од нив.“
    „Часови за готвење- Coolinari 2.0“ е своевидно продолжение на проектот „Младинска професионална кујна нови технологии за социјален бизнис“ дизајнирано да рефлектира највисоки социјално-претприемнички вредности. Часовите за готвење се дизајнирани согласно претприемачки стандарди и имаат за цел да генерираат профит преку овој иновативен концепт. Остварената добивка се ре-инвестира во мисијата на проектот-надградување на знаењата и вештините на учениците готвачи од училиштето (обуки за нивно користење на модерни технологи за себе-промоција, пишување CV, обуки за мотивација и сл). Проектот е пример на успешно партнерство и е платформа во која сите вклучени страни имаат бенефит: училиштето добива промоција и го подобрува својот углед, учениците добиваат вештини од реномирани готвачи и обуки за подобрување на знаења и користење на модерни технологии, рестораните и готвачите добиваат промоција и референца за својата општествена одговорност итн. „Часови за готвење- Coolinari 2.0“ се спроведува со паричната награда од Social Impact Award, благодарение на препознаениот потенцијал и оригинален концепт за кој АРНО ја доби втората награда од жирито.

  • Рокот за пријавување за нагрaдата истекува на 27ми април

    Драги студенти и студентки,

    ако имате идеја:

    • Која решава некаков општествен проблем;
    • Носи вредност за специфични групи во општеството;
    • Користи иновативни методи и средства;
    • Која е реална и остварлива и
    • Има за цел да смени делови од општеството преку бизнис модели,

    тогаш вие сте вистинските кандидати за Наградата за социјално претприемништво.

    Ве потсетуваме дека рокот за пријавување на вашите  идеи  за социјален бизнис истекува на 27ми април.

    Ги очекуваме вашите идеи тука.

    Срдечно,

    Марија Матовска

    координаторка на Наградата

    П.С. Следете не’ преку #SIA2016 #StudentsInMK

  • Објавена агендата за Kick-off настанот 2016

    Натпреварот за наградата за социјално претприемништво започнува наскоро! Настанот, кој ќе се одржи на 16 февруари 2016 година во „Јавна Соба“- Скопје со почеток во 12 часот, ќе се одвива по следниот редослед:

    12:00-12:05 Марија Матовска, проект координаторка, Награда за социјално претприемништво – Македонија

    12:05- 12:20 Антоанета Иванова, претседателка на Младиинфо Интернационал и Јакоб Детеринг, директор на Наградата за социјално претприемништво – Европа

    12:20- 12: 30 Викторија Јовановска, Директор на Сектор Управување со физички лица, Шпаркасе Банка Македонија

    12:30- 13:15 Панел на победниците на наградата за социјално претприемништво 2015:
    — Бојан Георгиевски – Добра земја
    — Ирина Јаневска – Coolinari.mk
    — Aлександар Димески – Концентрациона соларна електрана
    *Модераторка: Бистра Кумбароска, Импакт хаб Виена/Хаб Скопје

    13:15- ….. Кафе дружење

    Ве очекуваме сите на дружење и споделување на искуства и идеи!

    Следете не и преку: #StudentsInMK #SIA2016

    Тимот на Наградата за социјално претприемништво 2016

  • Работилница за Бизнис Модели

    Во рамките на наградата за социјално претприемништво предвидено е спроведување на серија работилници кои имаат за цел да им помогнат на студентите во формирање и развивање на сопствената идеја за социјален бизнис. Првата работилница на тема бизнис модели ќе се случи на 18.02.2016 (четврток) година во Хаб Скопје, со почеток во 12 часот. Работилницата за бизнис модели е прилика за учесниците да се запознаат со различни видови на иновативни бизнис модели коишто може да се применат во социјалното претприемништво. Истовремено, во рамките на оваа работилница, учесниците имаат можност да го аплицираат своето веќе стекнато знаење и понатаму да ја развиваат својата идеја.
    Работилницата ќе биде спроведена од Јакоб Детеринг, координатор на наградата за социјално претприемништво на ниво на Европа, Марија Матовска, координаторка на наградата во Македонија и Андријана Тасевска,организациски развој, UNNIX, Скопје.

    Учесниците на оваа работилница ќе имаат можност, исто така, да ја слушнат приказната на Јакоб за развојот на неговиот личен социјален бизнис во Романија.

    Работилницата ќе биде на англиски јазик.

    Местата се ограничени. Резервирајте го вашето место тука.

    Ве очекуваме!

    Следете не и преку: #StudentsInMK #SIA2016

    Тимот на наградата за социјално претприемништво

  • Kick off- отворање на наградата за социјално претприемништво

    Наградата за социјално претприемништво по втор пат ќе се организира во Македонија. Оваа награда веќе е присутна во 12 земји во Европа со поддршка на Фондацијата ЕРСТЕ и Импакт Хаб Виена. Во Македонија истата ќе биде во организација на Младиинфо, во партнерство со Шпаркасе банка Македонија, Пакомак, ЈСП Скопје и Маратон, Конто Профит и Јавна Соба, а поддржано од Економски факултет Скопје, Универзитет Климент Охридски – Битола, Универзитет Гоце Делчев – Штип, Меѓународен Универзитет Визион- Гостивар, Европски Универзитет – Република Македонија, Универзитет Американ Колеџ Скопје, Универзитет за информатички науки и технологии Св. апостол Павле- Охрид, Универзитет на Југоисточна Европа- Тетово, СВТ АЛУМНИ Скопје, Клуб Алпбах Македонија, Студентска организација Излез – Скопје, АЕГЕЕ – Скопје, БЕСТ – Скопје, ЕМСА Македонија, ИАЕСТЕ Македонија, ЕСТЕЕК Македонија, Младинскиот совет при Американската Амбасада во РМ, Codefest, НАПАГ, Фонд за иновации и технолошки развој, ЕМКИЦЕ, Радио МОФ, Групер и Пиксел.
    Kick-Off настанот за Наградата за социјално претприемништво 2016 (Social Impact Award 2016) официјално ќе го означи почетокот на изборот. Kick- off настанот ќе се случи на 16.02.2016 (вторник), во 12 часот во Јавна Соба (ул. „50та дивизија“- Скопје). На Kick-Off настанот ќе имате прилика да добиете повеќе информации за Наградата за социјално претприемништво. Агендата очекувајте ја наскоро.
    Вкупниот фонд на наградите во Македонија е обезбеден од Шпаркасе банка Македонија и изнесува 6000 евра, патување во Виена за најдобрите тимови, менторство и инкубациски период и многу други можности. Конкурсот ќе биде отворен до 27.04.2016 година.

    Следете не и преку: #StudentsInMK #SIA2016