• Бизнис идејата „Слушни слика“ победник на Наградата за социјално претприемништво 2016

    Специјални очила кои ќе им овозможат на лицата со оштетен вид да ги препознаваат објектите кои се наоѓаат во непосредна близина на слепото лице е идејата која го освои првото место на Наградата за социјално претприемништво 2016. На свечената церемонија за прогласување на победниците која се одржа 29 септември 2016 во просториите на Хаб Скопје, на првонаградените им беше врачена парична награда од 3000 евра, од страна на Шпаркасе Банка Македонија, главен партнер на оваа програма.

     Денеска во светот живеат над 285 милиони лица кои имаат трајно оштетен вид или се целосно слепи. Сите знаеме дека овој медицински проблем е речиси неизлечлив, а и во оние ситуации каде има шанси за подобрување, кои се релативно мали, давачките се огромни. Користејќи ги придобивките од технологијата, преку слушалки, корисникот ќе биде известуван за објектите во неговата непосредна близина. Самиот производ е замислено да биде по релативно ниска цена, достапна за секој, изјави Игор Кировски од победничкиот тим.

    Втората награда во висина од 2000 евра стручното жири ја додели на ресторанот за здрава храна Фрешис, кој има развиено социјален бизнис модел во Македонија и 34% од профитот го донира во општествени цели. Фрешис редовно донира храна за бездомни лица и овозможува попуст за студентите,  а во иднина планира маргинализираните категории на граѓани да ги вклучи како свои соработници. Третото место го освои решението Сламахер кои се залагаат за изградба на енергетски ефикасни домови од сламени бали по достапни цени. Четвртото победничко решение избрано преку он-лајн гласање е проектот One can make it work, чиј тим ќе  добие дополнителна менторска и консултантска поддршка од компанијата Конто- Профит.

    За повеќе информации следете не и преку: #StudentsInMK #SIA2016 

  • Гласање на публиката

    Наградата за социјално претприемништво е на самиот крај. Во моментов публиката има можност да гласа за своите фаворити на следниов линк. Гласањето трае до 28-ми септември 2016.

    На линкот се достапни видеата на единаесетте тимови кои беа прогласени за финалисти, а во текот на летото добија тренинг за акцелерација на идеите, како и индивидуална менторска поддршка.  Сите кои ќе пристапат на оваа веб страница можат да ги погледнат видеата и да одберат три од единаесетте идеи: Зелени покриви, Музикотерапија, Paper Embroidery, Кинисај, The Bestie, Able, Сламахер, One Can Make It Work, Фрешис, Слушни слика и Чиста филантропија. Победникот на ова гласање ќе добие дополнителна консултантска поддршка од нашиот партнер компанијата Конто – Профит. Покрај наградата од публиката доделена преку ова гласање, стручното жири составено од 12 члена на 29.09.2016 година ќе ги прогласи трите тимови кои ќе добијат парична поддршка од Шпаркасе Банка.

    Следете не и преку: #StudentsInMK #SIA2016 #SIAfinalist

    Со почит,

    Тимот на Наградата за социјално претприемништво