• Победници 2017

    “Sozdadi.com”

    Создади се’ што ќе посакаш

    Sozdadi.com е регионална онлајн заедница која поврзува и преку пласирање на локални производи на пазарот, пружа безброј можности за развивање на мал локален бизнис до бренд.

    20% од месечните приходи на Sozdadi.com се одделуваат за продажба и промоција на производи и ракотворби изработени од страна на маргинализирани групи на граѓани и жртви на семејно насилство, па така со купување и продавање на производи од Sozdadi.com сите ние стануваме амбасадори во општествената борба за инклузија на пазарот на труд.

    Стручниот и вреден тим на Sozdadi.com, со цел развој на локално претприемништво, ја креираше ваквата онлајн  платформа, која е ориентирана кон заедницата, за да во неа секој ракотворец и производител добие безбеден простор, во кој ќе креира своја сопствена онлајн продавница и преку неа ќе го развива своето хоби или домашен производ.

    Sozdadi.com се стреми кон конекција, а не трансакција. Со подигнување на свеста за загрижувачки општествени предизвици, преку дискусија, иновација и технологија ќе се подобри бизнис средината, со цел позитивна промена во нашето општество.

    “Со Sozdadi бевме едни од победниците на наградата за социјално претприемништво (SIA) во 2017та година и целиот тим на програмата не водеше низ процесот на развој на идејата до степен на социјално претпријатие. Сметамe дека ваквата награда за социјално претприемништво отвора нови погледи и можности за сите млади луѓе и студенти, затоа што нема ништо поубаво од тоа да создаваме култура на студенти кои се спремни да излезат надвор од својата комфорна зона и преку инкорпорирање на своето теоретско знаење во бизнис модел кој функционира во пракса, да создаваат подобро општество за сите.”

    „АВАВ ХЕПИ ДОГ ЦЕНТАР“

    АвАв Хепи Дог Центар“ е проект со кој што ќе се обезбеди заштита на правата на животните преку времено вдомување и нега на бездомните кучиња, а во исто време како бизнис модел, основните приходи ќе се обезбедат преку забава и грижа за домашните миленичиња, преку хотел за кучиња, дневна градинка, кафетерија за релаксација на сопствениците со своите миленици како и продавница со акцесоари и храна за домашните миленици, и создавање на заеднички простор за  игра и забава на домашните миленици односно парк за кучиња. Со овој проект се очекува да се влијае на намалување на бројката на незгрижени бездомни животни, а со тоа и да се воведе еден европски стандард кој ќе направи голем исчекор во решавање на сериозниот проблем од социјален интерес.

    “На идните учесници на наградата за социјално претприемништво (SIA) им препорачуваме да се пријават доколку имаат идеја за социјален бизнис кој би придонел за нашето општество, идеја во која веруваат и доколку имаат добар бизнис модел, а со помош на SIA ќе развијат и усовршат добар бизнис план, кој навистина може да функционира. Во никој случај не треба да се откажуваат  без разлика дали ке ја добијат наградата или не, да веруваат во себе но и да ги слушаат менторите кои имаат одлично менторско искуство за бизнис модели. “

    ,,COTERIE”

    Coterie има за цел да го намали текстилниот отпад во Македонија преку креирање на моден бренд чии што колекции ќе бидат составени од реупотреба на текстилот (отпадоци од кројачници, second hand облека, како и облека која што луѓето не ја носат). Воедно парчињата облека ќе бидат рачно украсувани, односно на нив ќе везат, ткаат и плетат. За да бидат уште поуспешни во процесот на пренесување на Македонските вештини и ракотворби, тимот на ,,Coterie” планира да ангажира долгорочно невработени жени, кои се мајстори во занаети што изумираат, како плетење, везење, ткаење. На самиот почетокот од програмата беа два тима со комплементарни идеи, кои одлучија да направат поуспешен i заеднички проект. Така се роди концептот на Coterie – препознатлив бренд од Mакедонија, кој ќе се продава на западно-европските пазари.

    “Сметавме дека наградата за социјално претприемништво (SIA)  е одлична можност да го тестираме нашиот концепт и да видиме како општеството и околината ќе реагираат на ваков проект, односно да ќе не поддржат да му дадеме втора шанса на текстилот. Целовкупната програма е предизвик за сите учесници да претворат идеја во реален социјален бизнис. Едноставно е искуство што може целосно да ви даде нов поглед кон бизнис светот и да ве натера да излезете надвор од комфор зоната. Ќе запознаете луѓе кои ќе станат ваша инспирација, но и најголема подршка да го остварите вашиот сон за создавање на нешто вредно, кое ќе допринесе во развојот и растот на луѓето околу вас.”

    “Храна за сите”

    Во услови кога во светот има милиони хронично гладни, а рецесијата регрутира нови и тоа од богатите држави, се јавува потребата од нови иницијативи за освестување на граѓаните во врска со храната.

    Сè повеќе сè работи на подигнување на колективната свест за важноста за донирање и реупотреба на храната на глобално и локално ниво.

    Јане Заевски е креатор на идејата Храна за сите – онлајн платформа за донација и продажба на храната која угостителските објекти и продавниците не успеале да ја продадат во текот на денот. Во ова можат да се вклучат сите оние објекти кои продаваат храна, па тие наместо да ја фрлаат ќе ја донираат храната за бездомниците или ќе ја продаваат по пониски цени за граѓаните.

    Мисијата на ,,Храна за сите” е да ја зачуваме храната, паричникот и планетата Земја и заеднички да ја вратиме изгубената вредност на храната. Таа треба да заврши во нашиот стомак, а не во канта за отпадоци.

    Главната цел на „Храна за сите“ e да се сведе на минимум фрлањето храна. Секој ресторан може да се регистрира на платформата и секогаш кога ќе имаат вишок храна, да ја донираат.

    “Наградата за социјално претприемништво не увери дека е возможно нашите идеи да се реализираат и истите да направат видлива промена и да бидат значаен придонес кон подобро и поквалитетно општество “