• Повик за учество на летна програма за социјално претприемништво

    Младиинфо Интернационал поттикната од интересот за Наградата за Социјално претприемништво, ја организира првата летна програма за социјално претприемништво под името Solve it! – Social Entrepreneurial Summer Program.

    Програмата е наменета за сите млади луѓе до 35 години кои се заинтересирани да научат повеќе за општествените бизниси, можните начини за финансирање како и за развој на сопствените идеи. Летната програма ќе се изведува на англиски јазик и ќе биде под водство на Диего Хетерман, поранешен ментор за Наградата за социјално претприемништво во Австрија, кој беше и обучувач на првото издание на истата во Македонија во 2015та година.

    Обуката е бесплатна и ќе започне на 14ти јуни со времетраење од 5 недели(една работилница неделно) и ќе се имплементира во простоорите на ХАБ Скопје. На крајот од програмата, сите учесници кои ќе присуствуваат на минимум 4 сесии ќе се здобијат со сертификат за учество.

    Сите заинтересирани потребно е да ја пополнат апликацијата најдоцна до 5ти јуни 2016.