Navigation

ВОДИЧ ЗА АПЛИЦИРАЊЕ

Наградата за социјално претприемништво е натпревар за креативни идејни решенија во доменот на социјалното претприемништво меѓу младите и студентите. Нашата мисија со наградата е да промовираме знаење и пракса за социјалното претприемништво помеѓу младите и студентите во Европа.

Програмата е прв пат иницирана во 2009 година од страна на Институтот за претприемништво и иновација кој се наоѓа во склоп со Виенскиот факултет за бизнис и економија. Impact Hub во Виена ја координира имплементацијата на програмата во соработка со локалните партнери во 20 различни држави од регионот на Европа, Кавказ и Северна Африка. Во Македонија наградата се спроведува трет пат оваа година. Во Македонија истата ќе биде во организација на Младиинфо, во партнерство со Шпаркасе банка Македонија, Пакомак, ЈСП Скопје и Маратон, Конто Профит и Фонд за иновации и технолошки развој, како институционален покровител.

Сите млади и студенти кои имаат идеја и сакат да постават идејно решение за одреден социјален или општествен проблем на иновативен начин преку проекти, иницијатива или организација може да аплицираат за Наградата. Организации може да решаваат проблеми врзани за голем број на теми, како на пример намалување на сиромаштијата, подобрување на здравствени услуги, екологија, оддржливо трошење на енергија, човекови права, еднакви права за сите итн.

Вашата идеја може да ја поднесете во склоп на граѓанскиот сектор (како невладина организација, здружение, иницијатива, неформална група на граѓани), или пак во склоп на приватниот сектор како социјален претприемач (пр. подвижна кујна за бездомници, нов едукативен концепт, веб-портал за организирање на конкретна работна акција…)

Од суштинско значење е да идејата навистина решава конкретен проблем евидентен во општеството. За инспирација истовремено погледнете тука

ВРЕМЕНСКА РАМКА

Конкурсот за Наградата за социјално претприемништво - Social Impact Award Македонија 2017 е отворен во периодот од 22 февруари до 8 мај 2017. Апликациите може да се поднесат преку македонскиот портал за наградата.

Во периодот од февруари до мај дури е отворен конкурсот во рамките на Наградата ќе се реализира и едукативниот дел составен од серијал работилници за чии што содржини може да погледнете повеќе тука

Во рамките на работилниците, учесниците ќе имаат можност подетално да се запознаат со концептите на социјалното претприемништво и да искусат различни фази од развивањето на една социјално претприемничка идеја. Присуството на работилниците не е услов за да се аплицира на конкурсот, меѓутоа би било од ваша корист ново-стекнатите знаења директно да ги употребите за вашите идеи.

По затворањето на конкурсот, најдобрите десет идеи ќе имаат можност да поминат процес на инкубација и менторство.

Доделувањето на наградите ќе се случи на посебен гала настан на 02 октомври 2017. Наградата предвидува по 2000 евра за трите победнички тима, коишто се обездбедени од Шпаркасе, како и посебна награда од заедницата. Четирите најдобри тима ќе учествуваат и на Европскиот самит во Белград, како и многу други можности.

УСЛОВИ ЗА АПЛИЦИРАЊЕ

Како кандидат за Наградата за социјално претприемништво - Social Impact Award 2017 треба да ги исполнувате следниве услови:

Сите членови на тимот да се родени помеѓу 1987 и 2002.

Да имате идеја која решава некаков општествен проблем. Идејата може да не е воопшто имплементирана до сега.

Конкурсот е отворен и за идеи/ проекти кои се веќе отпочнати, но само ако иплементацијата на истите е започната по 1 јануари 2016 и ако истите немаат добиено значителна финансиска поддршка. Како значителна финансиска поддршка се сметаат сите награди, инвестиции од трети лица, грантови и слично кои надминуваат 3000 евра.

Во изборот за наградата ќе бидат разгледани единствено пријавените идејни решенија поднесени преку нашиот веб-портал во периодот од 22 февруари до 08 мај, 2017 (на полноќ). Поднесените идеи по истекувањето на крајниот рок во мај нема да бидат земени предвид.

Избраните десет најдобри идеи за Наградата за социјално претприемништв 2017 се очекува интензивно да ги развиваат своите идејни решенија за социјален бизнис во текот на месеците јули, август и септември. Победничките тимови ќе бидат прогласени во октомври и ќе земат учество на Европскиот самит во Белград која е планиран да се оддржи на крај на октомври - почеток на ноемвро 2017.

СОДРЖИНА НА АПЛИКАЦИЈАТА

Апликацијата за Наградата за социјално претприемништво - Social Impact Award 2017 во Македонија ги соддржи следните елементи на коишто кандидатот треба да обрне внимание и да ги одговори:

- Пријава за поднесување на идејата
- Претставување на проектот
- Описен бизнис план

1) Пријава за поднесување на идејата

Пријавата за Наградата за социјално претприемништво - Social Impact Award 2017 е достапна на македонскиот веб-портал за наградата во периодот 22 февруари - 08 мај 2017. Пријавата мора да биде целосно пополнета со сите задолжителни прашања најдоцна до 08 мај 2017.

2) Претставување на проектот

При претставувањето на проектот може да бидете креативни и да изберете слободно во каков формат ќе ја искомуницирате вашата бизнис идеја. При претставувањето може да користите текст, слики, видео, презентација или што и да мислите дека најадекватно ќе функционира за успешно претставување на идејата.

Со претставувањето вие поставувате основа врз којашто стручното жири ќе може да ја евалуира вашата идеја. Потребно е јасно да искомуницирате на кој социјален проблем е фокусиран вашиот проект и на каков начин пристапувате кон истиот. Најдобра појдовна точка од каде може да го започнете претставувањето на вашиот проект е да претпоставите дека вашата идеја ќе ја разгледува некој којшто нема никакво предзнаење за тематиката којашто ја разработувате. Имајте на ум дека времето е ограничено за прегледување на поединечни пријави.

3) Бизнис план

Валидна пријава за отворениот конкурс содржи и описен бизнис план за вашата идеја. Бизнис планот приложите го како посебен документ кој што не е подолг од пет страници и кој ќе одговори кои се вашите генерални цели и очекувани резултати, која е целната група на проектот, каков маркетинг план има проектот, буџет, тим и оддржливост.

За поднесување пријава за Наградата за социјално претприемништво Македонија 2016, мора да ја испратите целосната потребна документација преку нашата веб-страна. Севкупно, документите не смее да бидат поголеми од 6МB.

За успешно поднесената апликација добивате потврда по е-мејл. Во случај да не добиете повратна порака во рок од три дена којашто потврдува дека вашата пријава е примена, ве молиме да не` контактирате навремено.

ОЦЕНУВАЊЕ НА ИДЕИТЕ

Оценувањето на победничките идеи за Наградата за социјално претприемништво - Social Impact Award Македонија 2017 се одвива низ три фази:

Разгледување на идеите (Screening)

Во првата фаза, тимот за евалуација ја прегледува целосната документација од сите поднесени идеи и прави скратен список на идеите кои минуваат во вториот круг.
Во вториот круг жирито ги бира најдобрите 10 идеи/ тимови.

Интервју

Индивидуални апликанти и тимовите чии идеи ќе влезат во вториот кург ќе бидат повикани на интервју. Кандидатите ќе бидат навремено известени за повеќе информации околу интервјуто.

Инкубациски период

По завршените интервјуа, најдобите десет идеи, според критериумите кои може да ги видите надолу во текстот, влегуваат во процесот на инкубација.

Гласање на жирито

По инкубацискиот период ќе биде избрана групата финалисти и стручното жири ќе подготви ранг-листа на идеите според критериумите кои може да ги видите надолу во текстот. Трите најдобро рангирани проекти ќе бидат наградени.

Одлуките се носат на средба отворена за јавноста, и тие не се предмет на промена или жалба. Наградите ќе бидат доделени на посебна церемонија која што ќе се оддржи на 02 октомври 2017.

Стручното жири за Наградата за социјално претприемништво 2016 може да го погледнете тука

Гласање на заедницата (online гласање)

Покрај изборот на три победнички идеи од страна на жирито, ќе биде доделена и четврта награда врз основа на гласање преку интернет. Идеите кои ќе влезат во финалниот круг ќе бидат претставени во форма на кратко видео на нашата веб-страна и youtube канал, со што во текот на одреден временски период посетителите на сајтот ќе бидат во можност да гласаат за идејата која најмногу им се допаѓа.

Ве охрабруваме во текот на гласањето да каните луѓе од вашиот близок круг, пријатели, колеги или бизнис партнери да ја поддржат вашата идеја и да гласаат за вас. На овој начин ќе може да ја подигнете свеста околу вашиот проект, околу останатите проекти и околу социјалните проблеми кои тие ги разработуваат.

Исклучена е можноста да освоите награда и од жири и од гласање преку интернет. Ако идејата победи на гласањето преку интернет, а истовремено е изгласана од страна на жирито, наградата од жирито ја добива следната најдобра рангирана идеја од жирито.

Секој тим или поединец кој зема учество, се очекува да ги почитува етичките начела при гласањето преку интернет. Правилата се во прилог:

- не е дозволено поткупување гласови (паричено, материјално или на било каков друг начин);
- не е дозволено гласање во име на некој друг;
- не е дозволно гласање со лажни и-мејл адреси;
- не е дозволено користење на програми за автоматизација на процесот на гласање.

Наградата за социјално претприемништво - Social Impact Award 2017 го задржува правото да дискфалификува било која од идеите доколку постои сомнеж за можно манипулирање при процесот на гласање.

КРИТЕРИУМИ ЗА ОЦЕНУВАЊЕ НА ИДЕЈАТА

Листата на критеритуми според која што ќе се оценуваат идеите може да ја проследите во прилог. Секој од овие три критериуми се вреднува подеднакво:

1. Социјално влијание на проектот

1.1. Која вредност ја носи прокетот за својата целна група и општеството?

1.2. Кои цели на проектот се релевантни за самото општество? Колку е комплексен проблемот за кој проектот сака да се заложи?

1.3. Дали концептот на вашиот проект може да биде искористен и за друг пазар, или пак, за друга целна група без истиот да изгуби на ефикасност и ефективност? Дали е во план проектот да се развива и расте?

2.Колку е самиот проект иновативен?

2.1. Дали проектот користи иновативни методи и средства за да ги оствари своите цели? Дали идејата е фокусирана на нови социјални проблеми или кон проблеми за коишто веќе постои одредено решение?

2.2. Дали искористените средства се прикладни да се реши претставениот проблем и дали нивниот учинок или влијание го надминува влијанието на веќе постоечкото решение?

3. Како е испланиран самиот проект?

3.1. Дали имплементирањето на идејата е реално и изводливо?

3.2. Дали поставените цели и акции се јасни и реални? Дали тимот којшто се натпреварува има пред себе долгорочна перспектива?

3.3. Дали тимот вклулува други индивидуалци, организации, маркетинг и ПР во својата реализација?

3.4. Дали иницијаторите на идејата се способни да ја имплементираат во целост својата идеја и да ја искористат Наградата за социјално претприемништво на осмислен начин?

3.5 Дали тимот има одредени средства за реализирање на идејата или мора да планира како ќе дојде до одреден капитал?

3.6. Дали тимот ги има потребните ресурси (знаење, вештини и искуство) за имплементирање на идејата и дали има план како да дојде до тие ресурси?

Almost there

You need to register in order to submit your bulletin & vote.

× close