Navigation

Со нашата иницијатива ние промовираме и овозможуваме знаење и пракса за социјалното претприемништво меѓу младите луѓе и студенти ширум Европа.

Тоа го правиме со подигнување на свеста за социјалното претприемништво кај студентите преку едукативна програма низ која младите натпреварувачи се во можност да ја материјализираат својата почетна идеја во вистински бизнис. На младите луѓе и студентите им нудиме пристап и можност за интеракција со професионалци и соработници од бизнис-секторот и на тој начин директно ги поддржуваме нивните идеи и иницијативи.



Наградата за социјално претприемништво во Македонија

Наградата за социјално претприемништво е најголемиот Европски проект за младите луѓе и студентите на тема претприемништво. Проектот е основан и инициран од страна на Универзитетот за бизнис и економија во Виена и Impact Hub, а мисијата е да го промовира социјалното претприемништво меѓу младите луѓе и студентите.

Самиот проект е сочинет од три дела: едукативен дел, натпревар и наградување, како и инкубација на финалистите со цел понатаму да ја развива својата идеја. Едукативниот дел ќе се реализира во периодот од февруари до април 2017, со организирањето на шест работилници во Скопје, Тетово, Гостивар, Охрид, Битола и Штип. Учесниците на работилниците ќе имаат можност да ги спознаат основите на социјалното претприемништво, да ги развијат своите бизнис идеи од почеток, како и да ги доведат до фаза каде истите може да се имплементираат.

Покрај работилниците, младите и студентите ќе имаат можност да учествуваат на објавениот конкурс за најдобри бизнис идеи со социјална содржина, кои имаат потенцијал да направат најголема општествена промена. Со помош на стручно жири, ќе бидат избрани три победнички идеи. Вкупниот фонд за наградите во Македонија изнесува 6000 евра, учество на Европскиот Самит во Белград во ноември, менторство, инкубациски период и многу други можности.

На овој начин сакаме да ја подигнеме свеста кај младите за социјалното претприемништво и да им ја овозможиме неопходната поддршка како тие би добиле можност да искусат како е да се биде социјален претприемач кој е во позиција директно да влијае на својата локална заедница.

Almost there

You need to register in order to submit your bulletin & vote.

× close