Navigation

Едукативната компонента на Наградата за социјално претприемништво е сочинета од шест работилници кои се оддржуваат во Скопје, Тетово, Гостивар, Охрид, Битола и Штип.

Содржина на работилници

Kick Off работилници

Kick off e почетен настан каде студентите и младите имаат можност да дојдат и да се запознаат со базичните концепти на наградата за социјално претприемништво. Во рамките на Kick Off настанот тие ќе имаат можност да се запознаат со целата програма, да научат со каква динамика ќе се развива истата, како и да добијат увид во веќе наградени идеи од други Европски земји.

Idea Generator

Во рамките на оваа работилница, младите и студентите имаат можност подлабоко да навлезат во терминологијата и суштината на социјалното претприемништво. Младите примарно ќе бидат во можност да ги идентификуваат проблемите во својата локална заедница, а потоа и да дадат идејни решенија за истите.

Бизнис Модели

Работилницата за бизнис модели е прилика за учесниците да се запознаат со различни видови на иновативни бизнис модели коишто може да се применат во социјалното претприемништво. Истовремено, во рамките на оваа работилница, учесниците имаат можност да го аплицираат своето веќе стекнато знаење и понатаму да ја развиваат својата идеја.

Бизнис план

На оваа работилница, учесниците се здобиваат со повеќе знаење околу тоа што е бизнис план и имаат можност со тренерот и своите колеги да развијат најосновен бизнис план за својата идеја.

Запознајте го жирито

Учесниците на оваа работилница имаат прилика директно да се запознаат и да комуницираат со членовите на жирито, составено од експерти и истакнати поединци, кое ќе ги оценува идејните решенија што ќе бидат пријавени на конкурсот за наградата. За сите заинтересирани кои сакаат да ја развиваат и понатаму својата бизнис идеја, ова е единствената прилика каде ќе може директно да пристапат и побараат мислење како и помош од членовите на жирито.

Final Sprint

Final Sprint е последна можност за тимовите и поединците кои имаат желба да се натпреваруваат со својата идеја, да добијат последни насоки за својата апликација и да подетално се запознаат со натпреварот.

Дали сакате да се пријавите за работилниците? Тоа може да го сторите овде

 

Almost there

You need to register in order to submit your bulletin & vote.

× close